Селска жена правела нова куќа. Отишла во градот кај дограмаџијата да порача за куќата врати, прозорци и кујнските потреби. Договориле, мајсторо и калфите да ја монтираат дограмата во куќата за истите пари. Парите ќе се плателе по монтажата.
Откако ја направиле дограмата, мајсторо и калфата ја товариле на кола и рано отишле кај домаќинката. Работеле и во мракот. Бидејќи во селото немало електрично осветлување, мајсторите запалиле свеќи и ја завршиле монтажата. Откако сé било готово, мајсторот ја викнал домаќинката да му плати и да си одат. Стопанката на куќата дошла на местото, место пари да му плати, му рекла на мајсторо:
– Сиромашка сум. Пари немам. Дали можи во темницава да направиме една партија жешка и да се платиме?
Мајсторот ги опулил очите. Бил мераклија, а таа лична. Се согласил. Почнал да буричка долу-горе меѓу нозете. А тој, палежен, никако да се разбуди. Свиткан ко банана. Не станувал, оти мајсторо бил во одминати години. Мести, мести, и ништо. Го повикал чирако да му даде запалена свеќа и да ја држи, белким на свеќа ќе ја погоди вратата. И пак ништо.
Тогаш чирако – калфата, му рекол на мајсторо:
– Мајсторе, подржи ја свеќава, да видам во што е работата!
Само што ја зел мајсторот свеќата, чирако ја свршил работата и му рекол на мајсторот:
– Готово, работата е свршена!
Се налутил мајсторо на калфата му рекол:
– Да, готово е откако јас ти ја држев свеќата, а ти, мочко еден, и една свеќа не знаеш правилно да држиш. Каков мајстор ќе бидиш?
Така мајсторот останал ем без пари, ем без слива.