РАЗВИОРЕНИ ПРАЗНИЧНИ ЗНАМИЊА

Прилеп во седумдесеттите. Центар. Некој голем празник се празнува. Прилепчни знаат да почитуваат. На плоштадот врие како во кошница. Се пречекува штафетата или можеби е некој митинг. Се развиориле знамиња. Украсено наоколу. Граѓаните се “стуткале” на сред плоштад, а околу нив зградите на Стара нама (Народен магазин), хотелот Балкан (поранешен Јадран), хотелот Југославија и хотел Скопје. Дел од објектите веќе се минато, но останува секогаш добриот стар плоштад да се “нагази” за празник, митинг, или пазарен ден. Плочникот беше место и за собирање на гостите од село за празникот на Варошани за Голем петок.

Loading