Денеска и утре летен “Прилеп OUTLET Weekend”
Денеска и утре локалните власти и бизнисмените од чаршијата организираат летен ноќен “Прилеп OUTLET Weekend“. Над 200 трговци и угостители на дуќаните ставија налепница со заштитен знак, купувачите да знаат каде да пазарат и како да бидат услужени. Се очекуваат купувачите од Битола, Крушево, Долнени, Кривогаштани, Македонски Брод, Новаци, Могила, Ресен, Кичево, Кавадарци, но и пошироко од Македонија. Градот нуди шопинг забава и евтини брендови. Чаршијата ќе се претвори во голем “шопинг мол” на отворено за уживање со добра услуга, љубезноста и гостопримството. Купувањето ќе создаде незаборавно искуство кај сите купувачи, од 7 до 77 години, затоа сите шопинг љубители се добредојдени.
Се очекуваат попусти до 50 % на секој ќош и шопинг изненадувања. Продавниците ќе работат до 22 часот.
Манифестацијата се организира вторпат.