КОЖУФ Е ПРЕЧКАТА КОН ВРВОТ

Фудбал

Пријателски мечеви одиграа второлигашите во паузата од првентвото, поради настапите на А-репрезентацијата која обезбеди бараж за Светско првенство. Екипата на Победа одигра 0:0 дома со прволигашот Борец, а Братство Житоше дома со 2:3 загуби од охридска Воска. В сабота (13 ч.) на стадионот ,,Гоце Делчев,, Победа оди на триумф со гевгелиски Кожуф, што може да значи враќање на врвот, ако водечката Слога не победи со Осогово во Кочани. Тимот на Братство оди во Струмица кај Беласица, која ја памети загубата од 2 бода на Могила.

Табела: Слога 25, Победа 23, Саса 20, Беласица 17, Кит-Го 16, Кожуф 12, Осогово 11, Детонит 10, Локомотива и Братство по 4.

Loading