ПРОЛЕТТА БУДИ ВОЗДИШКИ

Паркови и пред 70 години

Прилеп е град на паркови и фонтани. Локалната самоуправа заедно со ЈКП “Комуналец” постојано се грижи да ги претвори дивите депонии во маалски паркови со урбана опрема. Грижливо се чуваат и парковите во центарот на градот, каде се починуваат прилепчани, на клупите крај фонтаните.

А Прилеп и пред шест – седум децении имал уредени паркови. Тоа го потврдува старава фотографија. Уживаат бројни граѓани на седенките во уредениот парк кај рекламите, во зеленилото и природата!

Loading