МАНТА: МОЖЕМЕ ДО КАТАР!

Фудбал: Македонија е на два чекора до Светското првенство

Ерупција на радости предизвикаа успесите на фудбалската репрезентација на Македонија (победа од 5:0 над Ерменија, 3:1 над Исланд), за кои придонес даваат прилепчаните. За квалификациското 2. место највисоко досега, веднаш до Германија, над Романија, Ерменија, Исланд и Лихтенштајн, кое значи бараж за Светско првенство, важен фактор е фудбалерот Езѓан Алиоски, меѓу резервите младиот Тодор Тодороски. Но, тука е директорот на сите репрезентации, Марјан Стојкоски – Манта.

– Подобро и не може. Играме како да не сме ние истите. Сé што посакав, се се исполни откако сум на оваа функција. Сонот ми стана јаве. Со Младата селскција првпат појдовме на Европско, потоа и со А-репрезентацијата, па првпат го совладавме гигантот Германија, па еве сме во бараж за Светското. Со овие момчиња можеме до Катар! – вели Манта.

Претстои полуфинален и финален бараж. Можни противници се Португалија, Италија, Шкотска, Русија, Шведска и Велс.

Loading