ОД 6 МЕЧА САМО 2 ОДИГРАНИ

Пинг-понг

Којзнае до каде ќе одат пингпонгарските првенства, ако продолжат одложувањата. Минатиот викенд женската екипа на Младост 96 не го одигра одложениот меч со Берово. Откажан е и планираниот дуел со штипски Шампиони ФА. Во машката Супер, лига Младост 96 ги одложи натпреварите со Радовиш и скопски Телеком. Единствено одигра Младост. И без Ѓоко Јочкоски ги совладаа скопските Рисови со 4:2, со две добиени партии на Зоран Јованоски, по една на Борис Секулов и Даниел Главевски. Потоа со 4:0 е загубен дуелот од Шампиони ФА.

Неизвесно е кои натпревари ќе бидат претстојниов викенд.

Loading