ПРВ МАКЕДОНСКИ МИКС

Стрелаштво

Во историјата на македонското стрелаштво останува запишано дека во новата дисциплина микс со воздушна пушка први настапија прилепчанецот Мартин Ангелески (Херој Прилеп) и охриѓанката Анастасија Мојсовска (Стрелец, Скопје). На меѓународниот турнир во Смедерево се на 11. место меѓу 18 микса. Поединечно кај јуниорките Мојсовска го освои бронзениот медал, а Ангелески е 9. место меѓу 46 стрелци.

Кај јуниорките Ирина Јованоска (Херој Прилеп) погоди 597,4 круга.

Loading