Не се може кога секој секого гледа да прелаже.
*
Секогаш има живот за оние од власта.
*
Кога живееш во мрак му се радуваш и на искрите од чакмакот.
*
Со неразбрани нема разбирање.
*
Молчењето може да биде црна дупка во душата.
*
Ако не умееш да ја употребиш власта , не ја злоупотребувај!
*
Бори се за добро кога и во зло се наоѓаш!
“Д-р Хаџи-Васков”