КОЛКУ МОЖЕ ОВАА ПОБЕДА?

Фудбал: Гостува Тетекс

Тежок е одговорот, имајќи предвид дека многу изменет е играчкиот кадар во Победа, споредено со претходната прволигашка сезона. Многу песимизам имаше по трите пораза на пријателските мечеви (1:2 од Ноавци, 1:2 од Караорман и 0:2 од неготински Вардар), а многу оптимизам по ремито 1:1 со големиот ривал Пелистер. В сабота (17 ч.) на Градскиот стадион “Гоце Делчев” е првиот меч од Втората лига, со тетовски Тетекс. Поради регистрациите на новите играчи (потенцијални се осуммина), во последен миг ќе се знае на кој кадар ќе смета тренерот Филип Мирчески. На последниот тест во првата постава беа: И. Николоски – М. Талески, Белески, Стомнароски, Кукески – Ј. Наумоски, Кочоски, Ѓорѓиовски – Ф. Димоски, А. Петејчук, Алимоски. Во вториот дел играа уште: С. Спиркоски, Ф. Спиркоски, Богевски, Л. Петејчук, Миланоски, Г. Димоски, Трајкоски и Табаковиќ.

Еве ги и другите второлигашки мечеви: Башкими – Охрид, Осогово – Беса, Беласица – Пелистер, Новаци – Аресими, Саса – Скопје, Детонит – Вардар Н. и Кожуф – Караорман.

Loading