СВЕТСКИОТ КУП ЗА НИКОВ

Дронови

Скопојанецот Бојан Ников е најдобар во управување со дронови на Светскиот куп на стадионот кај Могилата, организиран од клубот Фил феникс и ВФМ (Воздухопловната федерација на Македонија). По дводневните натпревари редоследот на носителите на медали е: Бојан Ников (Македонија), Александар Стојановиќ (Србија) и Младен Богоев (Бугарија).

Учествуваа 12 пилоти, шестмина од Србија, по тројца од Бугарија и од Македонија.

Поради тешкотии со билетите за авионски летови во два правци, не допатуваа преставниците од Кореја и Чешка.

Рангирање за Државно првенство на Македонија: скопјаните Бојан Ников и Александар Ников се пред Бошко Петрески, прилепчанец од Скопје.

Loading