ПРИЛЕП УТРЕ Е ВО ЛЕСКОВАЦ

Ракомет

По 18 дена подготовки – кондискиски, технички и тактички тренинзи, на ред е серијата пријателски натпревари на машкиот ракометен суперлигаш Прилеп. Според планот на тренерот Божидар Мојсов, утре е првиот тест во Лесковац, со српскиот суперлигаш Дубочица. В среда следи дуел дома со Еурофарм Пелистер 2, а три дена потоа гостување на Тиквеш во Кавадарци. Завршницата од пријателските мечеви е на турнирот “Миле Нешковски”.

Клубот информира за шест нови играчи: голманот Давид Ацевски (Јуниор КВ), десните крила Лео Инадзе (Грузија) и  Пеце Рајатовски (Голден арт), средниот бек Драган Јелушиќ (Црна Гора), пикерот Томче Трајчевски (Радовиш) и левиот бек Никола Цветаноски (Струга).

Loading