ПОЕТСКО МАРКУКУЛЕ ПО 16 ПАТ

УТРЕВЕЧЕР

Утревечер во на плоштадот Александрија по 16 пат ќе се одржи традиционалната поетска манифестација Поетско Маркукуле со околу 150 учесници и гости, од кои 13 од странство. Клубот на литературни творци Прилеп ја презеде организацијата, по откажувањето на Градската библиотека.

-Се роди како секавична искра на Љубен Димкароски Димкар, Македонец, прилепчанец, кој живееше во Љубљана, и пламна кај група вљубеници во пишаниот збор. Се создаде поетска манифестација на отворено, на Марковите Кули, на местото Трон кај грандиозната карпа Слон, од каде како на дланка се гледа нашиот Прилеп. Манифестацијата од 2007 г. со свои поетски изблици ја поделија 25 поети, меѓу кои и нови, неафирмирани, и веќе афирмирани автори. По првиот чекор на успешната поетска приказна, полека го освои поетското небо не само над Македонија. Така, во втората сабота на август пак ќе се соберат поети од различни градови и земји, ќе се градат мостови на пријателство, ќе им се даде можност на младите да го кренат својот глас и заедно со афирмираните поети да ги споделат своите интимни исповеди. Без награди, манифестацијата има ревијален карактер – вели Андриана Ристеска, претседател на Клубот на литературни творци Прилеп.

Ќе биде промовиран зборникот “Поетско Маркукуле 2023” со 220 песни на поети од 14 земји, меѓу кои и автори од дијаспората.

Loading