АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Кога има грант чуму ти е закон.

*

Колку врати отвораш, толку затвораш.

*

Добриот збор, и облекува, и соблекува.

*

Каква е таа понуда со принуда?

*

За сé има алтернатива, само кој е способен да ја пронајде.

*

Секое дете има само едно детство.

*

Кој постојано измислува топла вода никогаш не го боли глава.

Д-р Хаџи-Васков

Loading