КОНЦЕРТ НА ТЕНОР, СОПРАН И ПИЈАНО

Концерт на оперски арии, дуети и соло песни, во изведба на тенорот Илија Белистојаноски, сопранот Ана Митоска и пијанистот и Дарко Мариновски, ќе се одржи в петок 28 јули од 20 ч. во ЦК “Марко Цепенков”. Ќе се слуша богат музички мозаик од композиции, внимателно избрани бисери на музичката литература од Антонио Калдара, Џакомо Доницети, Волфганг Амадеус Моцарт…

– Овие врвни музички мајстори оставиле наследство на светот на операта и класичната музика. Изведувачите низ нивните интерпретации ќе ја донесат магијата на овие музички чуда низ светот на емоциите, страста и чистината на вокалната изведба. Дарко Мариновски на пијаното ќе ги облагороди со своето мајсторство – велат од Центарот.

Белистојаноски е дипломец од Музичката академија во Штип. Учествува на сите концерти со оркестарот на Националната опера и балет. Концертира низ државава. Носител е на повеќе награди и признанија.

Сопранот Митоска е дипломец на ФМУ во Скопје. Учесник е на неколку мастер класеви во Македонија и во странство.

Пијанистот Мариновски дипломирал на ФМУ во Скопј. Магистерските студии ги завршува 2000 год. настапувал на концерти на Скопското и Охридското лето и концерти во Бугарија.  Бил професор во средното музичко училиште во Скопје. Од јануари 2009 година е декан на Факултетот за применета музика на ЕСРА Париз – Скопје – Њујорк.

Loading