АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Не може повеќе по старо! Застарено е!

*

И на жешкото се игра – тешкото!

*

Нема лек за болни, а за министерството?!

*

Направи скали за себе, но и за оние околу тебе и оние по тебе.

*

Лоши времиња создаваат лоши луѓе и обратно.

*

Не е добро ако постанете елдорадо за неспособните.

*

Борбата на мислења не е борба до истребување.

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading