НОВИ КЛУБОВИ – ПОБЕДА И КОРЗО

ОФС Прилеп

Општинскиот фудбалски сојуз на Прилеп го проширува членството. Приклучен е новиот клуб за мал фудбал Победа. По долго време градот добива претставник во футсалот, спорт кој произлезе од малиот фудбал. Засега малку податоци има за КМФ Победа. Освен името, се знае кој е амблемот, како и претседателот – Никола Трајкоски. Натаму се очекува изборот на тренер и играчки кадар. Клубот е пријавен за учество во Втората футсал-лига на Македонија.

Најава има за уште еден нов клуб, во големиот фудбал, со познато име од минатото – Корзо. Формиран е 2016 година, а сега има напори за активирање. Наесен се очекува учество во Б-лигата на ОФС Прилеп.

Loading