ПРВИОТ ТЕСТ Е СО НОВАЦИ

Фудбал: Победа

По 17 дена подготовки за второлигашкото првенство, време е за првиот пријателски меч на Победа. В сабота (17,30 ч.) на Градскиот стадион “Гоце Делчев”е дуелот со новиот второлигаш Новаци, предводен од тренерот Дарко Крстески. Прва можност за фудбалерите да одиграат натпревар со противник, прва можност и  публиката да види на какво ниво е омилениот тим. Според планот, веќе в среда е мечот со Караорман во Струга, на 29 јули дома со Вардар Неготино и на 5 август дома со Пелистер.

За играчкиот кадар, Стручниот штаб, предводен од Филип Мирчески, смета на над 20 фудбалери, меѓу кои се досегашните Филип Стомнароски, Јорданчо Наумоски, Анатолиј Петејчук, Филип Спиркоски, Стефан Спиркоски, на повеќемина младинци, како Василиј Мариновски, Мартин Миланоски, Антонио Шемкоски, Давид Дебрешлиоски, Бобан Ѓорчески, Давор Богевски, а нови-повратници се голманот Иван Николоски (Беласица), стоперот Христијан Кукески (Караорман), напаѓачите Филип Димоски (Детонит Плачковица) и Беким Алимоски (Питу Гули).

Loading