ЧЕТВОРИЦА НОВИ ВО РК ПРИЛЕП

Ракомет

Средниот бек Драган Јелушиќ е четвртото засилување за машкиот ракометен суперлигаш Прилеп. Тој стави потпис за наредните две години. Има 23 години и е поранешен јуниорски репрезентативец на Црна Гора, меѓу најдобрите стрелци во црногорското првенство. Во Прилеп доаѓа од Искра Бугојно – Б и Х, каде лани постигна 65 гола. Претходно голманот Давид Ацевски од Јуниор КВ, пикерот Томче Трајчевски од Радовиш и левиот бек Никола Цветаноски од Струга се приклучија на клубот Прилеп.

Претстои клупската одлука за новиот тренер – шеф на Стручниот штаб.

Loading