МОЖНИ СЕ МАЛИ ИЗМЕНИ

Кошарка

Летото е за трансфери, менување на клупската средина на многу спортисти, но се најавуваат мали измени со играчкиот кадар на новиот кошаркарски второлигаш Мега баскет. Наспроти настојувањето да се задржат сите првотимци, двајца млади, 18-годишни бека, се пред разделба со прилепскиот клуб. За Стефан Јанески се зборува дека бил на проба во шампионот МЗТ Скопје, а Иван Кузманоски е со намера да биде дел од клуб на колеџ во САД. Со оглед на скромниот буџет, не се размислува за засилувања отстрана, туку само за враќање на прилепчани кои настапуваа во други клубови.

Првиот тренинг на Мега баскет со тренерот Стефан Стевананџија е околу 20 август.

Loading