15-ТА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА ДРЕН 2023

Во ЦК “Марко Цепенков”

Точно 19 уметници од земјава и од странство ќе творат на 15-тото издание на меѓународната ликовна колонија Марко Цепенков – Дрен 2023 во ЦК “Марко Цепенков”.

-Уметниците ќе создаваат дела на слободна тема во повеќе дисциплини, скулптура, инсталација, сликарство, користејќи различни материјали, дрво, метал, прилепски мермер, односно природни материјали, како и акрил на платно. Очекуваме 40-тина уметнички дела, кои ќе бидат дел од богатата збирка на Центарот – вели Марјан Стојаноски од ликовната дејност на Центарот.

Колонијата почна како сликарска, а од 2021 доби меѓународен карактер  вклучувајќи скулпторски медиуми (метал, дрво, мермер…) со што  се додава дополнителен квалитет и се става акцент. Делата ќе се презентираат на изложба во Центарот и во повеќе градови низ Македонија.

Loading