ЗДРАВ ПЕЛИН СО ЛОШО ИМЕ ВО НАРОДНИТЕ ПЕСНИ

Пелинот е трајна билка со разгрането стебло во полугрмушкест облик до еден метар. Стеблото е округло со перасто разделени листови, а цветовите се во грозд со ситни полусвенати главици. Народски, пелинот е симбол за јад, тага и несреќа. Римјаните им давале напивка од пелин како признание и почест на победниците, убедени дека е најголемата награда, бидејќи пелинот обезбедувал вечно здравје и најголемо земско богатство.

Како дива билката расте на сончеви земјишта. Поради лековитоста се сади во градините. Лековит дел на билката се листовите, кои се собираат пред цветањето и целата билка за време на цветањето. Пелинот е со горчлив вкус. Извонредно средство е за чистенје на крвта и за зајакнувањето на желудникот. Се употребува против лоша дигестија, слаб апетит, подригнување, болести на бубрезите, слезинката, црните дробови, жолтица, мачнина, згрутчување на крвта, мочниот меур, водена болест и осипи. Широки се добрите својства кои поволно влијаат на организмот. Со пелинот исчезнува дебелината, шеќерната болест и психичките проблеми со анксиозноста.

Loading