Летни декорации во домот
Летото пристигна, а со тоа и дружбите со пријателите во домашна атмосфера. Бидете креативни и направете уникатни летни декорации на ентериерот.
Јаболка што лебдат се прават со неколку зелени јаболка и широки вазни. Наполнете ги широките вазни со вода на различни нивоа и во секоја вазна ставете по некое јаболко внатре.
Обојте некои тегли со метален спреј и искористете ги за саксии за цвеќиња. Овој украс е ефтин и впечатлив.
Стара дрвена кутија во домот која нема употреба се користи за украс на трпезариската маса. Наполнете ја со земја и насадете некои тревки. Едноставниот детал на масата создава пријатна и релаксирана атмосфера.
Во празен дел од домот ставете некој голем сад кој се прска со спреј во боја или со лак, употребувајќи го за вазна. Наполнете го со трева и додајте некој впечатлив цвет.
Морковите можат да бидат декорација. Изберете приближно еднакви моркови и поставете ги вертикално во некој стаклен сад. Уникатноста ќе го разубави домот и ќе го привлече вниманието на гостите. Создавате волшебен амбиент.
.