БЕРБЕРНИЦА ЗА ЛАФ – МУАБЕТ

Некогаш, а и денеска берберниците се места за мајтапи, за муабети за политика, за портарски приказни. Не се посетувале само за потстрижување или за дотерување на фризурата во духот на модните трендови. Тоа биле простории за бистрење политика, за наоѓање мани и фалење на фудбалерите и другите спортисти. Интересна била берберската задруга. Интегрирала неколку бербери на плочникот. Таму не работеле мајсторите само со ножиците, бричовите или со рачните машинки. Беберниците биле места за последните “информации”, модерно кажано медиум. Се разбирало кој се оставил со жената, кој бил “папучар”, кој се армасал, кој правел свадба или чекал принова. Посетители биле и кодошите. Тие црпеле информации и ги пласирале во ДБК. Муабетот секнувал и владеела клима на тишина само кога ќе му се дотерувала главата на некој официјален полициски инспектор.

Loading