ГОЛФ-ТУРНИР „ВИТАМИНКА ОПЕН“

Во Запрешиќ, Хрватска

Во Голф центарот Нови двори кај Запрешиќ, Хрватска, во организација на Витаминка се одржа четвртиот турнир во голф “Витаминка опен”. Учествуваа околу 30 професионални и рекреативни голфери, од Хрватска кои се натпреваруваа за првото место и признание во официјалното голф рангирање.

“Витаминка опен” стана веќе традиција. За популарноста на овој спорт сведочи растот на бројот на натпреварувачите.

Идејата за голф турнирот е произлзена од посветеноста на компанијата за поддршка на секаков вид на спорт, индивидуален или колективен. Настанот е уште една потврда за развиената општествена одговорност на Витаминка за поддршка на спортски и граѓански манифестации и иницијативи како во Македонија, така и надвор од неа.

Турнирот беше во организација на Голф клубот Бан Јелачиќ.

Loading