МИТИЌ ДОАЃА ПО 22 ГОДИНИ

Прилеп куп 2023

Голем е интересот за учество на Меѓународниот турнир за најмлади категории фудбалери “Прилеп куп 2023” најавен за 11, 12 и 13 август. Иако планиран за 40 екипи, поради многубројните пријави од Македонија, Бугарија и Србија, извесно е дека системот по групи ќе има измени. Од Бугарија прв се јави познатиот клуб Локомотив од Софија, од Србија Дубочица Лесковац со некогашниот фудбалер на Победа, Игор Митиќ. Овде доаѓа по долги 22 години, по настапите во сезоната 2000/01. Организаторите – Општина Прилеп и ФК Прилеп, за да им излезат на сите во пресрет, системот го прилагодуваат за поголем број екипи. Можно е да се надмине бројката од 46 тима од минатогодишното прво издание.

Во тек е отерувањето на тревникот, просториите и трибините од стадионот кај Могилата.

Loading