ЈАНКОСКИ НАГРАДЕН ЗА ФОТОГРАФИЈА ОД ПРОЧКА

Прилепчанецот Петар Јанкоски за уметничката фотографија „Фоџ Тамер” од „Прочка 2023” доби трета награда. На фото конкурсот, што Фото Кино Клуб „Прилеп” го организираше во соработка со Општината и Националната Фото Унија на Македонија, пристигнале вкупно 82 фотографии од 21 автор. Првото и второто место ги освоија автор од Куманово и од Битола.

Во фоајето на ЦК „Марко Цепенков” беа претставени 30 фотографии од авторите кои учетсвувале на фото конкурсот, кој го промовира Карневалот „Прочка”. Изложбата се збогати со маски  на учениците ги изработија за годинешниот карневал.

Планирано е конкурсот да добие меѓународен карактер и  да учествуваат фотографи кои ќе ја изразат креативноста преку потенцирање на културното значење на карневалот.

Loading