ПОБЕДИ ГОСТИНОТ ОД БИТОЛА

Шах

Ретко се случува на прилепски турнир да победи – битолчанец. Тоа му успеа на Дарко Попчевски, на Петтиот брзопотезен турнир “Гран-при”. Постигна три ремија и пет победи, за 6,5 поени. Вредно реми му е со интермајсторот Тони Кироски. На табелата Кироски е втор со 6 поени, колку што имаат Марјан Дамчески и Кире Николоски. Нешто подолу се Горан Готовуша и вториот битолчанец Андреј Неделковски, со по 5 поени.

Следниот турнир од истата серија е во јули.

Loading