НАШ ДРАКУЛА

Посебно кај нашиот народ постои некоја морбидна фасцинација од митските креатури, остаток од паганските времиња. Интерес и страв предизвикуваат вампирите – мртовци кои ноќе стануваат од гробовите и цицаат крв од живите. Марко Цепенков пред авторот на Дракула, Брам Стокер собирал народни приказни со вакви содржини. Опишани се како невидливи, пакостливи суштества кои предизвикувале болести, правеле неред, а и ги искористувале вдовиците. Се претворле во волк, лилјак… Ако се “начекал” натемаго в куќа, доаѓал вампирџија. Со тревка под јазик го гледал и со златен куршум го убивал за навек.                        

Фотографијава е кадар од филмот “Проклетството на гробот без крст” на досетливиот аматерски режисер Јордан Зазоски. Тој го ставил на целулоидна лента митолошкото суштество во првиот кус хорор филм во Прилеп во 70-те години од минатиот век. Филмот не бил на рамниште на “Дракула” од Копола, но е авангарден, бидејќи бил еден од првите од таков жанр, снимен скоро во исто време со тогашните ЈУ хорори, збогатувајќи го репертоарот на тогашната монотона кинематографија.

Loading