НОВ ПИВОТ ВО ПРИЛЕП

Ракомет

Суперлигашот Прилеп совреме обезбедува засилувања. Веќе е договорен трансферот на пивотот Томче Трајчевски од Радовиш. Договорот е на две години. Најавено се уште неколку нови на другите позиции, за комплетирање на тимот за следната сезона. Позитивна новост е и тоа што голманот Иван Ангелески го продолжи договорот за следните две години. Минатата сезона беше една од најуспешните во неговата кариера.

Претходно се случија заминувања, на бековите Давор Шокоски и Грузиецот Мириани Гавашелишвили.

Loading