СЕ КРЕВА ЧИГАТА НА М 57-ОТ МТФ

Вечерва

Под мотото “Враќање дома” вечерва почнува 57-то издание на МТФ “Војдан Чернодрински”. Првин ќе биде отворена изложбата на ретката и роднокрајна  збирка на драмски автори со авторот во фокус Коле Чашуле. Потоа на платото пред ЦК “Марко Цепенков” свечено ќе се отвори Фестивалот со почит на лауреатите на наградата за животно дело – Петар Темелковски и Петар Мирчевски.

На фестивалската сцена први ќе играат актерите на театарот “Јордан Хаџи Константинов – Џинот” од Велес во претставата “Нема струја за електричниот стол” во режија на Дејан Пројковски.

Секој ден од 10 часот ќе оди програмата “Чернодрински за деца”, а на пладне ќе се разговорите на тркалезната маса. Од 17 часот секој ден ќе бидат поставени фестивалски зони на неколку локации низ градот, во кои членови на групата “Театроск” ќе постават свои живи статуи. Студенти од ФДУ од Скопје ќе бидат скомрах и ќе презентираат кратки патувачки етиди.

Ќе се прикажат десет претстави во официјалната програма, пет во независната.

Затворањето ќе биде на 16 јуни со доделување на наградите и гостувањето на Српско народно позориште од Нови Сад со “Последниот балкански вампир” по текст на Дејан Дуковски, а во режија на Александар Поповски.

Loading