СТАНОЈОСКИ Е ШАМПИОН!

Шах

Стартуваше како трет, излезе прв на Отвореното првенство на Македонија во Скопје. Тоа е Звонко Станојоски. Можеби требаше да се смета за прв фаворит, оти е многукратен првак и единствен со титула велемајстор, меѓу 95 учесника. Освои 7,5 поена преку три ремија и шест победи. Вториот прилепчанец ФМ Роберт Велески е на 20. место со 5,5 поена.

Во женска конкуренција, меѓу 10 учеснички, прилепчанката Викторија Велеска е на 7. место со 2,5 поена.

Loading