НЕСЛАВЕН РЕКОРД

Фудбал: Победа

Кога од најслабиот ривал се губи дома со 0:4, тогаш сосема одговара последното место за екипата Победа. Како да играше со некој гигант, а не со Скопје, претпоследен тим на табелата од Првата фудбалска лига. Ова е 12-тиот пораз во серијата, неславен рекорд не само клупски, ами и со многу поширок опфат. Поразот дефинитивно значи отпаѓање во второлигашкиот ранг, бидејќи недостижна е разликата со Скопје, 13 со 22 бода. До крајот е гостувањето кај Македонја ЃП во Скопје (в недела), па слободното коло и мечот дома со Тиквеш.

Табела: Струга 59, Шкендија 54, Шкупи 52, Силекс 44, Брегалница и Македонија ЃП 36, Работнички 34, Тиквеш 31, Академија Пандев 26, Скопје 22, Победа 13.

Loading