ИЗНЕНАДУВАЊА

Фудбал: Трета

Два чудни резултата беа во 20. коло од Третата фудбалска лига – Југ.  Во Кривогаштани Младост со 0:4 загуби од Обршани, тим кој дотогаш освои само 3 бода. Второто изненадување е Превалец – Питу Гули 6:0. Ова е затоа што Питу Гули во последниве пролетни кола дома е многу силен тим (го совлада и лидерот Вардар), но на гости губи со многу разлика. В недела играат: Вардар – Бучин, Локомотива – Големо Коњари, Слога – Марена, Питу Гули – Младост.

Табела: Вардар 54, Питу Гули 44, Големо Коњари 40, Превалец 38.

Loading