НЕ Е БРИЧЕНО, АМИ СТРИЖЕНО

Некоја жена била голем инаетчија, Еден маж видел дете гологлаво, бричено и  рекол на жената:

– Види, како е бричено детено во главата.

Инаетчиката му рекла:

– Не е бричено, труку е стрижено.

– Како стрижено? Не го гледаш дека е бричено!

– Не, стрижено е детето.

Стрижено-бричено, стрижено-бричено, се инаетеле многу време.

Најпосле мажот послал едно веленце врз еден бунар и í рекол да не седнува врз веленцето. Бидејќи била инаетчија, седнала и пропаднала во бунарот. Фатила да се дави. Мажот í рекол:

– Жено, речи оти детето беше бричено да те извадам од бунарот, да не се удавиш.

Чула жената од водата и ја извадила десната рака нагоре. Та фатила со двата прста да му покажи на мажот како сечат ножиците. Демек, стрижено било детето. Така правела додека устата í се наполнила со вода, та не можелае да му приговори.

– Тув, инаетчија жена. Се удави од инает и назад не се врати – рекол мажот.

Loading