ДВЕ ПРЕЧКИ ДО ВТОРАТА ЛИГА

Кошарка

Многу блиску е Мега баскет до целта, Втората лига. Да се стигне до тој ранг неопходно е елиминирање на две пречки, во бараж-дуелите. Првата е Струмица или скопски Младинец, зависно од тоа кој тим ќе биде на 4. место во А-групата од Третата лига. Се игра до две победи. Ако се помине првата, втората пречка е подобриот од дуелот Гостивар 2 – Маџари. Подобриот од вториот дуел станува второлигаш. Доколку на овие бараж-дуели дојде до трет меч, т.н. мајсторка, тој ќе се одигра во Прилеп, поради предноста од првата позиција што ја обезбеди Мега баскет во Б-групата. До неа стигна со само еден пораз и 13 победи, последната со 105:95 над Љуботен во Тетово. На тебалата Мега баскет има 27, Тетекс 25, Гостивар 23, Спарта 21, ИБА баскет, Хераклеја и Дибра иглс 19, Љуботен 14 бода.

Во Мега баскет сериозно се подготвуваат низ тренинзи и анализа на снимки од ривалите за серијата бараж-мечеви која започнува по Велигден.

Loading