ВЕЛЕНЦЕТО, ПА ВЕЛЕНЦЕТО…

Патувал еден патник од еден град во друг и се здружил со некој друг патник. Додека оделе двајцата, се задал силен облак со дожд. Едниот. гледајќи дека силно врне, му побарал на другиот едно веленце (прекривка), да се наметне да не го натопи дождот. Дождот престанал и патниците останале суви.

– Ама, ако не ти го дадев веленцето, пријателе, жива вода ќе се стореше – рекол едниот.

– Ти благодарам за веленцето. Не наврнав. Многу ти благодарам –  другиот патникот.

Потаму некаде и едниот пак му рекол на другиот.

– А, пријателе, да не ти го дадев веленцето, жива вода ќе се стореше.

Пооди до негде, пак истото.

Одејќи така дошле до една река. Слегле од кожите да се одморат под сенките крај други кои одморале. Едниот седнал меѓу луѓето и почнал да се фали дека на другарот му го дал веленцето да не го наврне дождот. Речи, па речи, речи, па речи, па најпосле другар му се разлутил, станал од кај што седел, па се фрлил во реката и се направил жива вода.

– Е доста ме мачи чоече, со тоа твое палено веленце. “Веленцето ако не ти го дадев, дождот ќе те истопеше, веленцето ако не ти го дадев, жива вода ќе станеше…”. Од олку повеќе не ќе се истопев? Бре нечоек! На, еве се истопив повеќе од што дождот ќе ме истопеше, само и само да те замолчам, да не ми се фалиш, оти ме пукна со тоа твое веленце што ми го даде –  му рекол на лутина, си го јавнал коњот, па си отишол по патот сам.

Loading