ПРИЛЕП Е ФАВОРИТ ВО РАДОВИШ

Ракомет

Машката екипа Прилеп со 31:23 загуби од Голден арт во Скопје, во 7. рунда од плеј-аутот на Супер лигата. Во првото полувреме беше израмнето, на одмор се појде со минимална домашна предност од 13:12. Во вториот дел скопскиот тим многу подобар, дури и со изненадувачка гол-разлика на крајот. Шанса за нови три бода за прилепскиот тим е в недела, кај Радовиш. На табелата Куманово има 19, Голден арт 18, Прилеп 14, Скопје и Струга по 12, Вардар 10, Јуниор КВ 7, Радовиш 2.

Екипата Деспина в сабота има гостување на лидерот Шампион во Скопје, во 3. Рунда од плеј-аутот во женската Супер лига. Домашните се борат за задржување на првото, гостите на третото место. На табелата Шампион е прв со 19 бода, пред Скопје со 16, Деспина и Гевгелија по 12, Астибо 10, Спартак 7, Кузман Вардар 0.

Loading