ДЕСПИНА ИЗНЕНАДИ

Ракомет

Екипата Деспина со 26:15 ја совлада Гевгелија, во 2. рунда од плеј-аутот на женската Супер лига. Разликата од 11 гола секако дека ветува, оти гостинскиот тим имаше три бода повеќе. Двата тима се израмнети со по 12 бода, на третото и четвртото место. Викендов Деспина е гостин на лидерот Шампион во Скопје.

Машкиот тим Прилеп, иако фаворит, загуби со 27:26 од Јуниор КВ во Скопје, во плеј-аутот од Супер лигата. Во средата беше дербито Прилеп – Куманово (23:22), а викендов е гостувањето кај Голден арт во Скопје.

Loading