ОБЛОГА ОД ЗЕЛКА СО МЕД ПРОТИВ КАШЛИЦА

Оваа облога успешно помага во лекувањето на бронхитисот и упорната кашлица. Зелката не е само евтина храна, туку и лек. Свежа изобилува со хранливи материи, додека при готвењето голем дел се губат. Иако главно е составена од вода и ниска калориска вредност, претставува богат извор на низа микронутриенти. Изобилува со јаглехидрати, протеини, влакна, витамин К, Ц, Б6, Б9, манган, калциум, калиум, магнезиум. Витамините В6 и В9 се особено значајни за метаболитичките процеси и нормалното функционирање на нервниот систем. Зелката е богата и со растителни влакна како и антиоксиданти, некои сулфурни соединенија и витаминот Ц. Антиоксидантите го штитат организмот од штетното дејство предизвикано од слободните радикали. Слободните радикали се молекули со помал или поголем број на електрони во орбиталите, што ги прави нестабилни. Тоа значи дека се силно реактивни.

Еден од најдобрите природни начини во борбата со бронхитис и упорна кашлица е лекот од лист зелка со мед. Комбинацијата е моќна против кашлицата.

Нема граници за консумирањето на овој лек. Го користат и деца и возрасни. Потребни се само главица зелка и мед. Полека се извлекува еден лист од главицата зелка. Листот се става во врела вода да отстои неколку минути. Листот ќе омекне и ќе стане топол. Едната страна од листот се мачка со мед. Сее става директно на градите. Се зацврстува со најлонска кеса и со Крпа. Ако кашлицата е хронична, ќе ви бидат потребни 2 ливчиња зелка. Едниот лист се става на белите дробови, а другиот на грбот во пределот на белодробието од двете страни. Се фиксира со најлонска кеса и со крпа и се остава преку ноќта. Наутро кожата се пребришува со влажна крпа или се испира местото каде што биле нанесени облогите.

За почетен бронхитис, резултатот од лекот ќе биде видлив по првата употреба. Лечењето се спроведува 5 вечери по ред и наскоро од хроничната кашлица нема да имате ни трага.

Активните состојки на медот и зелката, а покрај тоа и топлината која што се постигнува со завиткувањето придонесуваат за лекување на кашлицата и ублажување на воспалителниот процес. Медот може да се замени со топло рицинусово масло или да се користи наизменично во третманот.

Loading