СЛОБОДЕН ВИКЕНД!

Кошарка

Викендов во кошаркарската Трета лига Б-група е 13, рунда, во која екипата .Мега баскет е слободна, па ќе ја чека следната за да му гостува на Албес во Скопје. Претходно прилепскиот тим со 71:66 ја совлада скопска Спарта. За овој меч можеби се очекуваше поубедлив триумф, но ривалот иако претпоследен, даде силен отпор во салата на ООУ “Добре Јованоски”.  По четвртини беше 17:17, 16:13, 20:16 и 21:20. Иако Мега баскет водеше и со  повеќе од 10 поена разлика, тензија имаше до последната минута. На крајот реални и заслужени 71:66. Ова е 11. победа на 11. меч.

На табелата Мега баскет води со максимални 22 бода.

Loading