ВАЖЕН МЕЧ СО СТРУГА

Ракомет

Разгорена е битката за опстанок, во плеј-аутот од ракометната Супер лига на Македонија. Бргу се менува состојбата. По првата победа дома над Радовиш, Прилеп беше прв на табелата, а по првиот пораз (24:22) на гости од Скопје, падот е на 4. место. Затоа мошне важен е следниот дуел в недела (15 ч.) во “Ричко” со Струга. Есеноска во Струга беше нерешено 25:25, во Прилеп со 28:21 победи Струга. Интересно е што Струга во плеј-аутот има два убедливи пораза на гости од Скопје и дома од Куманово.

Табела: Скопје 8, Куманово 7, Голден арт 6, Прилеп 5, Вардар Н. 4, Струга 3, Радовиш 2, Јуниор КВ 0.

Loading