Насрадин-оџа и Итар Пејо често по селата шетале се надмудрувале се надлажувале. И селаните се прашувале. Кој кого надитрува?
Гостувале по куќите ги пречекувале. Неделна вечера – зелник.
Гостите рекле:
– Ќе го оставиме за понеделник.
Тројцата се сложиле, се обложиле:
Кој вечерва, најлош сон ќе виде, зелникот негов да биде.
Едно станување – надмудрување.
Почна оџата:
– Се возев во гемија. Ме фати бура, ме проголта водата.
Помошнику, што сонуваше?
Орел ме грабнуваше. Како да се бранам, парчиња станав!
Се чека Пејо, вели:
– Јас што ќе кажам, нема да лажам. Кога видов оџата како се дави, помошникот го снема и не се јави…
Остана зелникот цел. Јас си го изедов на раат дел по дел.
Ни било ни се видело ни во Прилеп, ни во Мариово:
– Каде е овде правдината.