ПРИЛЕП НА МЕГДАН КАЈ ТАСТАТА

Ракомет

Само што почна плеј-офот од ракометната машка Супер лига, претстои дерби. Викендов Скопје го пречекува Прилеп. Двата тима имаат по 5 бода, а прилепскиот е прв на табелата со подобра гол-разлика. Мечот е интересен и затоа што тренер на Скопје е прилепчанецот Горан Кузманоски – Таста. Дали ќе успее неговата или тактиката на Реваз Чантурија и Рубин Лашкоски. Борбата е за совреме обезбедување опстанок, меѓу петте најдобри во групата. Во минатото коло Прилеп дома со 35:26 беше подобар од Радовиш. Грузиецот Мириани Гавашелишвили и Давор Шокоски дадоа по 8 гола, Уча Гамзардија 7, Христи Бикоски 6.

Табела: Прилеп и Скопје по 5, Куманово 4, Вардар Н., Голден арт и Струга по 3, Радовиш 1, Јуниор КВ 0.

Loading