ДВА ПЕХАРА ЗА СОФИЈА

Пинг-понг

Прилеп и клубот Младост 96 беа одлични домаќини на вториот Меморијален меѓународен пингпонгарски турнир “Илија Карески – Каре”, на кој учествуваа 180 пингпонгари од 6 држави. Во салата на ОУ “Добре Јованоски” беа мошне интересни борби во 11 категории. Блесна 15-годишната крушевчанка Софија Хасану, која со двојна регистрација настапува за женската екипа Младост 96, но и за машката на Младост, кај тренерот и селектор Зоран Јованоски. Хасану е прва кај младинките, прва и кај сениорките. Победнички пехар кај ветераните над 65 години има и за Пеце Јованоски. Трети места, со три бронзени медала освоија: Мартин Ристески (Младост 96) кај младите кадети, косовката Шега Хасани (Младост 96) и Мартин Калески кај ветераните до 64 години.

Најмногу пехари има Македонија – 6, Србија и Албанија по 2,  Грција 1.

Loading