ПРИЛЕП СО РАДОВИШ

Ракомет

Почнува пролетниот дел од ракометните првенства. Во машкиот плеј-аут од Супер лигата, во борбата за опстанок Прилеп в недела (15 ч. во салата “Ричко”) го чека Радовиш. Според табелата, Прилеп има 2 бода, а Радовиш 1, врз основа на резултатите од основниот дел. Како и за секој старт, мошне важно е да се победи и веднаш да биде јасно дека екипата на тренерите Реваз Чантурија и Рубин Лашкоски е со реални шанси за опстанок. Претходно беа подготвителните мечеви со Струга и двапати со Металург. Од играчкиот кадар ги нема голманот Стефан Христоски и пивотот Пеце Ѓорѓиески. За овој тим има настап и во четвртфиналната фаза од Купот, каде според ждрепката ривали се неготински Вардар, скопските Бутел и Алкалоид.

Во плеј-аутот од женската Супер лига, Деспина е гостин на Скопје, а според ждрепката од четвртфиналето на Купот, ривали се скопските Вардар, Шампион и Кузман Вардар.

Loading