ПРИЈАТЕЛСКИ ДУЕЛИ НА ПРИЛЕП

Ракомет

Дваесетина дена се подготовуваат ракометарите од Прилеп за пролетниот дел од машката Супер лига на Македонија. Според тренерите Реваз Чантурија и Рубин Лашкоски, покрај тренинзи, има и контролни натпревари. Прв спаринг-партнер беше суперлигашот Струга, втор прволигашот Металург од Скопје. Викендов можно е да има уште еден меч за дотерување на формата, во пресрет на стартот на плеј-аутот на 12 февруари.

Досега нема дојдено нов играч во клубот. Останува есенскиот играчки кадар, освен искусниот пивот Пеце Ѓорѓиески, заминат во Германија.

Loading