ЗАСИЛУВАЊА ОД КРУШЕВО И КОСОВО

Пинг-понг

Преодниот рок кој заврши на 25 јануари, беше плоден за клубот Младост 96. Нови играчи има во женската екипа. Таму први пристапија младинката Софија Хасану и пионерката Емилија Марковска од Крушево. За Софија Хасану се знае дека е една од најперспективните играчи во Македонија. Исто така, за големо засилување се смета Шега Хасану, една од најдобрите пингпонгарки од Косово. Според ова, жнскиот тим Младост 96 ќе биде силен ривал за сите учесници во македонската лига.

Младите членови на клубот беа успешни на меѓународниот турнир во Врање (Србија). До четвртфиналето стигнаа Мартин Ристески и Давид Јоноски, додека Трајче Маркоски во силна конкуренција го освои 3. место и бронзениот медал.

Loading