СЕ ЧЕКА СНЕГ

Години наназад, на првиот снег им се радувале сите, и мали и стари. Излегувале да прават снешко, се спуштале низ удолниците со ‘кнки направени од скршена ролетна. Детското смеење виорело низ улиците како студениот Северко. Тоа не ги спречувало да излезат надвор, и од глава до петици да бидат водени од снег, со носињата црвени како носот на Були – Були.

Еве го пак јануари, месецот на снегот, студот и почетокот на годината. Никој уште не го пробал вкусот на мразот и ќефот на снегот и санките. Доцни зимската руба, белите украси на дрвјата. Рано е за маалските авантури на белата покривка.

Loading