МЕДАЛИ ОД БИТОЛА

Стрелаштво: Училишен спорт

Во Битола се одржа Државно првенство за ученици од средните и основните училишта. Прилепските претставници имаа одлични резултати. Кај основците во женска конкуренција првото место го освои Емилија Тренческа од ОУ “Кире Гаврилоски – Јане”. Кај средношколците второпласиран е Мартин Димитријоски, трет Филип Гически од СОУ “Орде Чопела”.

Кај средношколките државен првак е Магдалена Ристеска од Гимназијата “Мирче Ацев”.

Loading